Теменугов за ТВ 24: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е сувопарна, економски тешка, но е економска

Новинарот Горан Теменугов во емисијата 24 анализа рече дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е сувопарна, економски тешка, но е економска и оној што сака да открие што ќе се случува во наредните 4 години, ако ја формираат владата, ќе ги најде одговорите.

- Чисто економска е и има зголемување на пензиите за 5000 денари. Тоа е големи буџетски импликации. Тоа се 338 милиони евра годишно во наредните 4 години. Генералната оценка е дека се знае на каде ќе се движат. Не е се толку уништено и не почнуваме секогаш од нула, туку имаме и позитива. Има три базични столба, ИТ секторот, дигитализацијата и помош на општините. таму е тежината на оваа програма. - вели Теменугов.