ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ СЕ ОДРЖА КОНЦЕРТ ВО БИТОЛСКАТА СПОРТСКА САЛА, ПУБЛИКАТА ГИ ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКИТЕ РОК ХИТОВИ СО КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Камерниот оркестар на Битола вчеравечер приреди вистинско музичко уживање насловено „Македонска рок симфонија“ во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Во оваа сала се одржа концерт по повеќе од една деценија.

Јужната трибина беше целосно исполнета, а публиката во еден глас со Дани Димитровска, Ружица Милошевска-Брчиоска од „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет пееше песни на КонкордАрхангелЛеб и солЛева патикаМеморијаЧоканче“ и АреаВо салата ечеа хитовите „Пушти косиМакедонијаВисоки штиклиМоја гитараЧудесен светСите мои сликиНа месечина и други кои се најдоа на репертоарот на Македонска рок симфонија.

За концертот, организаторите велат дека ги потсети сите присутни на извонредните музика и квалитет што ги има македонската музика.

Публиката во еден глас пееше со Дани Димитровска, Ружица Милошевска-Брчиоска, Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет (Фото: Д. Хаџи Коста Милевски)

„Спортската сала ‘Боро Чурлевски‘ во минатото била домаќин на голем број музички настани. По нејзиното реновирање повторно е атрактивна за концерти. Поради тоа, одлучивме по повеќе од една деценија да организираме концерт. Изборот на темата не беше воопшто случаен, сакавме првиот концерт да биде со најдобрите македонски рок хитови“, изјави Владимир Димовски, директор и диригент на Камерниот оркестар. 

Ж. ЗДРАВКОВСКА 

Фото: Д. Хаџи Коста Милевски