ЗНАМ: Граѓаните да се придружат во борбата за менување на владејачката структура

Караванот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија денеска по Охрид и  Ресен, беше и во Битола. Претседателот на Движењето ЗНАМ За наша Македонија, Максим Димитриевски, носителката на листата за кандидати за пратеници во ИЕ, Весна Бендевска, како и другите кандидати имаа повеќе средби со граѓаните.

Носителката на листата за ИЕ 5, Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ добива се поголема и помасовна поддршка во очи на парламентарните избори на 8ми мај.

Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна, рече Бендевска и ги повика граѓаните да го заокружат бројот седум, затоа што Движењето ЗНАМ знае како заедно со граѓаните да ја подигне Македонија на нозе и да ја води државата достоинствено и чесно.