Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, мора да помине 1.150 километри

Никола Роквиќ со сопругата Бојана / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ тргнал денеска пеш кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа поради хуманитарната мисија што ја има.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација семејство“, а со цел да им помогне на оние на кои им е потребна помош, се одлучил на неверојатен чекор достоен за восхит. Никола треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински.

Никола пред заминувањето, со семејството го посетил храмот Свети Сава, каде се помолил.

– По овој пат одлучив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде на радост на многумина, се надевам дека ќе биде за растење на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено, да им се помогне на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мерка и го започнав ова патување. Покренавме фондација која ќе му помога на семејството, која ќе им помага на талентираните деца, на многудетното семејство, но и на болните деца – рекол Никола во храмот Свети Сава.

Инаку, неговата сопруга Бојана за спрски „Телеграф“ рекла дека сè ќе биде детално објаснето наскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот