Регион

Хрватска: „Студенац“ донираше 20.000 евра на здруженијата од Славонија

04 апр 2024

Хрватскиот малопродажен синџир „Студенац“ како дел од својата општестевно одговорна програма, „Чекор поблиску до заедницата“, со донации ги поддржува непрофитните организации кои внесуваат позитивни промени во Славонија.

 Седмиот круг на донации е од трите планирани за годинава, во која ќе бидат донирани вкупно 60.000 евра, а во идните циклуси ќе бидат опфатени и другите хрватски региони.

Водејќи се од целите на ООН, кои се однесуваат на свет без сиромаштија и глад, стручниот тим на „Студенац“ избрал пет здруженија или организации од Славонија чии активности ќе ги поддржат со донации од вкупно 20.000 евра.

Донацијата е рамномерно распредела меѓу здруженијата: Детски креативен центар „Докица“ од Осијек, Семеен координарот – Здружение за рана интервенција во детството од Славонски Брод, Здржението за промоција на вредностите и унапредување на квалитетот на живот „Ла бела вита“ од Кутјево, Здружението за деца со тешкотии во развојот „Вуковарски пеперутки“ од Вуковар и на Здружението на лица со инвалидитет од Пожега.

 Ова е прв од трите донаторски кругови кои се планирани за годинава, а секој циклус ќе биде насочен кон различни региони во Хрватска.

 Општествено одговорниот проект „Чекор поблиску до заедницата“ започна да се спроведува од есента 2021 година.

 Со ова, годинава одлучивме да го промением пристапот на донациите, посветувајќи го овој прв круг на здруженијата и непрофитните организации од нашата Славонија.

Во циклусите кои ќе следат оваа година, ќе ги поддржиме и другите здруженија од нашите други региони. Само во овој круг добивме над 60 апликации од непрофитни организации кои работат на подрачјето на Славонија, а одборот на „Студенац“, водејќи се од дефинираните критериуми од сите нив избра пет. Им честитам на избраните и ја користам можноста да ги повикам и останатите непрофитни организации да ги следат известувањата на нашата веб страница за да бидат навремено информирање за започнувањето на новиот циклус, изјави Миранда Младин, директорка за маркетинг во „Студенац“.

 Извор: Instore.hr

Фото: „Студенац“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...