ФОТО+ВИДЕО | Никогаш во 112-годишната историја не е видено нешто слично: Откриена и тајната на четвртиот оџак на „Титаник“

Титаник / Фото: denstoredanske.lex.dk

Во април 1912 година, светот беше сведок на една од најголемите поморски трагедии во историјата, потонувањето на гигантот меѓу бродовите, „Титаник“.

Американскиот аниматор Џаред Овен го претстави видеото – дигитален приказ на прочуениот брод од секој агол, точно онака како што изгледал пред да исплови од Саутемптон пред 112 години.

Во април 1912 година, светот беше сведок на една од најголемите поморски трагедии во историјата, потонувањето на гигантот меѓу бродовите, „Титаник“.

Овој луксузен и технички најнапреден брод во своето време, кој се сметаше за непотоплив, беше осуден на пропаст судрувајќи се со санта мраз во Атлантикот.

Пред точно 112 години, „Титаник“ со себе однесе повеќе од 1.500 животи, а неговата урнатина сè уште лежи на морското дно.

Денес, со помош на новите технологии, можно е детално да се погледне „Титаник“.

Имено, американскиот аниматор Џаред Овен пред една година верно го доловил бродот во својот дигитален приказ на „Титаник“.

Фото: Printskrin / Jutjub / Jared Oven

– Сето ова е дизајнирано рачно, за мене тоа е неверојатен инженеринг и занаетска вештина – рекол Овен.

За да ги направи приказите, Овен користел многу извори, вклучително и „Нешенел џиографик“. Тој, исто така, се потпрел на програмата за креирање 3Д содржина за да ги оживее сите собрани информации.

Неговото видео ги прикажува сите 10 палуби на Титаник, вклучувајќи ја и палубата за чамци на самиот врв.

Дел од причината за недостатокот на чамци за спасување било и тоа што дизајнерите не сакале да ја преполнат палубата на бродот и да го попречат погледот на Атлантикот за патниците од прва класа.

Фото: Printskrin / Jutjub / Jared Oven

Овен открива и некои тајни за дизајнот на бродот, вклучително и малку познатиот факт за четвртиот и последен легендарен оџак со црниот врв.

– Искористени се само три оџаци, четвртиот е додаден само за изглед – рекол Овен, а пренесува „Дејли мејл“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот