logo
logo
logo

Спасувачките екипи ПРИСТИГНУВААТ ВО ТУРЦИЈА

Vecer | 06.02.2023

Спасувачките екипи ПРИСТИГНУВААТ ВО ТУРЦИЈА

Европската унија утрово испрати спасувачки тимови во Турција, која беше погодена од разорен земјотрес, соопшти европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.

„По земјотресот утринава во Турција го активиравме механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Екипите од Холандија и Романија се веќе на пат“, напиша официјалниот претставник на Твитер. Европската комисија потврди дека оваа помош се испраќа на барање на Турција.

Азербејџан испраќа спасувачки тимови во Турција, Германија нуди помош

Азербејџан ќе испрати спасувачки тим од 370 луѓе и помош во форма на шатори и медицинска опрема во Турција. Според Anadolu Agency, авион со персонал и опрема треба да пристигне наскоро, пренесува турски Си-Ен-Ен.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека земјата е подготвена да им помогне на Турција и Сирија по земјотресот.

„Моите мисли се со семејствата на жртвите и оние кои се плашат за роднините, пријателите или соседите. Заедно со нашите партнери сме подготвени да помогнеме“, напиша таа на Твитер. Лидерите на Србија, САД, Израел, Индија, Пакистан и Украина изразија сочувство и понудија помош.

Разорен земјотрес од 7,8 степени рано утринава го погоди турскиот регион Газиантеп, а беше почувствуван и во Сирија. Досега во двете земји загинаа повеќе од 500 луѓе, а илјадници се повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk