Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)

На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој полека станува омиленото место на Македонците. Дали веќе сте го посетиле? Ако не, можете тоа да го направите во првиот слободен ден.

lokal-blizu-ikea-vo-solun-so-koktel-bar-plazha-i-detsko-igralishte-idealen-za-so-drushtvo-ili-so-deca-foto-01.jpg

Едно од омилените места на сите кои сакаат да пијат кафе на сонце или да ручаат покрај море, а сепак да не се во центарот на Солун е Ergon Agora.

Ова уникатно место е идеално за сите - и за друштва и за заљубени парови и за семејства со деца. Бидејќи нуди буквално сè.

lokal-blizu-ikea-vo-solun-so-koktel-bar-plazha-i-detsko-igralishte-idealen-za-so-drushtvo-ili-so-deca-foto-02.jpg

View this post on Instagram

A post shared by ERGON Agora (@ergonagora)

Пред локалот има голем бесплатен паркинг, а штом влезете внатре, прво мора да поминете низ големиот маркет, каде што се продава свежо овошје и зеленчук, тестенини, слатки и домашни торти, неколку десетици видови сирења, а за љубителите на месо има и одличен избор на сувомесни производи.

Тука е и винарската визба, од каде што може да порачате шише вино, или да си купите вино за дома.

На излезот од маркетот ќе ве дочека љубезна хостеса, која ќе ве упати кон ресторанот (за викенд е препорачливо да имате резервација, а може да ја направите и преку нивната интернет страница) кој има затворен и отворен дел.

Преку отворениот дел на ресторанот ќе излезете на голема полјана.

Од левата страна ќе ве пречека коктел бар со триесетина маси и дрвен шанк, а од десната страна игралиште за деца, клупи со маси, и мини приколки во кои за викенд се приготвува брза храна, различна од онаа во ресторанот.

lokal-blizu-ikea-vo-solun-so-koktel-bar-plazha-i-detsko-igralishte-idealen-za-so-drushtvo-ili-so-deca-foto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg