Најзелените европски земји за 2024

05.02.2024 14:42
Најзелените европски земји за 2024

Бидејќи може да се забележи дека постепено се прават посвесни напори за одржливи патувања, секогаш е добро да се знае кои дестинации ѝ даваат приоритет на животната средина. А за да биде тоа малку појасно, шведската соларна компанија „Хемсол” направи некои истражувања.

Користејќи ги податоците од Европската агенција за животна средина, проектот насловен Odyssee-Mure и Институтот за енергија, направија индекс кој вклучува фактори како што е уделот на обновливите извори на енергија, стапките на рециклирање и емисиите на CO2 за да откријат кои европски земји се најзелени.

Да се биде „зелен” е одраз на тоа колку една земја се грижи за зачувување и обновување на природната средина и нејзините ресурси, како и за здравјето на своите граѓани. Тоа се покажува преку креирањето политики и ефективноста на тековните мерки.

Како и да е, како што ќе видиме, некои земји и даваат приоритет на животната средина повеќе од другите.

Норвешка се најде на врвот на листата. И покрај релативно високите емисии на CO2 по жител, голем дел од енергијата на Норвешка доаѓа од обновливи извори. Покрај тоа, владата е посветена на тоа да се осигура и земјите во развој да имаат пристап до чиста и одржлива енергија.

На второ место е Австрија, која постигна добри резултати благодарение на тоа што има најголем удел во патничкиот јавен сообраќај во Европа, а на трето место е Финска, која најави Закон за климата, кој стапи на сила во јули 2022 година.

Рангирањето е доказ за фактот дека северна Европа е особено посветена на заштита на животната средина. Во продолжение може да се види целосната листа со најзелените земји во Европа:

1. Норвешка
2. Австрија
3. Финска
4. Ислланд
5. Шведска
6. Естонија
7. Германија
8. Луксембург
9. Швајцарија
10. Словенија

Извор: https://www.timeout.com/

ОкоБоли главаВицФото