Свет

САД: „Крафт Хајнц“ доби финансиска поддршка за намалувањето на емисиите на јаглерод

03 апр 2024

Компанијата „Крафт Хајнц“ ќе добие 170 милиони долари од Канцеларијата за чиста енергија која е дел од министерството за енергетика на САД, за да ги инвестира во намалување на емисијата на јаглерод во своето работење.

 Како дел од оваа инвестиција компанијата ќе ги надгради и декарбонизира топлинските процеси во 10 објекти, со цел емисијата на јаглерод да се намали за 99%.

  На добар пат сме до 2050 година да постигнеме нула емисија на гасови. Оваа инвестиција ќе ни ги даде критичните ресурси кои се неопходни за подобрување на нашите постројки за да се зголеми нивната енегетска ефикасност и да се намали емисијата на гас. Инвестицијата ги препозна нашите напори за постојаното намалување на влијанието врз животната средина, изјави Маркос Елои Лима, главен на службата на за набавка и одржливост на „Крафт Хајнц“.

 

 

Извор: FoodBev



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...