Приведен Турчин на Блаце, му недостигале страници во пасошот

Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Четириесет и четиригодишен Турчин е приведен на Блаце бидејќу му недостигале страници во пасошот.

„На 25.03.2024 во 13.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле С.С.(44) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат две страници“, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот