• Иван Димовски

Лорис Кариус е голман кој секогаш се поврзува со огромните два кикса од финалето во Лигата на шампионите кое Ливерпул го загуби од Реал Мадрид. Тие грешки го следат низ кариерата, а и самиот германски чувар на мрежата поради нив има проблеми со самодовербата.
Сега Кариус беше директен виновник во поразот на Шалке 04 од Хановер (1-2) во рамките на 26. коло на Цвајте. Германецот направи голема грешка при вториот погодок кој го постигна гостинскиот тим.
Хановер нафрли од корнер, Кариус погрешно го процени летот на топката и скокна да боксува, ама ја промаши топката и прими гол.
Ова беше трет меч за Лорис Кариус во дресот на Шалке, во првиот беше МВП, а потоа имаше солидна претстава и во победата над Херта.