Маричиќ: Ставот на Македонија за Сребреница е јасно утврден со Декларација во Собранието во 2010 година

Бојан Маричиќ - вицепремиер за европски интеграции / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

„Ставот на Македонија, сега Северна Македонија е многу јасно утврден со Декларација на Собранието донесена уште на почетокот на 2010 година. Тогаш нашето собраниe едногласно со гласање на сите политички партии ја поддржало резолуцијата на европскиот парламент усвоена за Сребреница во 2009 година, каде што Сребреница е осудена како геноцид“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Канал 5.

Тој, сепак, додаде дека треба да се разграничи осудата на тоа што се случiло во Сребреница како геноцид и дека тоа нема никаква врска, ниту може да значи дека таа дамка во Сребреница може да се фрли врз целиот српски народ или Србија.

„Тоа сме должни да го разграничиме сите, затоа што не е коректно према ниту еден народ да се стигматизира цел народ и држава. Затоа мислам дека не треба и не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ. Напротив, ние негуваме блиски односи, блиски релации и со Србија и со српскиот народ. Ги цениме нашите традиционално добри односи и сакаме да ги градиме и понатаму“ рече Маричиќ.

За Отворен Балкан тој рече дека е една добра, позитивна иницијатива која што донесе многу придобивки за граѓаните.

-Од оние унифицирање на работните дозволи, признавање на квалификациите, отворање на гранциите, зголемување на можностите за трговија и секоја иницијатива која дава конкретни придобивки за граѓаните, ние ја поддржуваме и треба да ја поддржуваме“ изјави Маричиќ.

Запрашан за најавувањето за повлекување од иницијативата од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, Маричиќ рече дека на таа тема не е разговарано.

„Впрочем јас не знам дека има нешто ново планирано како иницијатива во Отворен Балкан и не знам зошто воопшто би дискутирале за такво нешто. Нас ни беше во текот на целата оваа иницијатива, битни принципиелно неколку работи. Прво дека ќе учествуваме во неа се додека таа носи конкретни придобивки за граѓаните, а не се занимава со политички прашања. Затоа не треба многу ни да политизираме во предизборието иако знам дека е згодно за некои“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека другиот услов за учеството е никој да не биде изоставен, односно да има добар баланс на односите помеѓу сите земји во иницијативата за сите да се движат напред заедно.

„И инсистиравме на уште една работа, таа иницијатива да остане отворена за сите останати. Знаете дека Црна Гора учествуваше, не се приклучи официјално но учествуваше, Босна и Херцеговина учествуваше, Косово за жал не успеавме да го привлечеме да учествува, но ние инсистиравме да остане таа иницијатива да остане отворена, и остана“ рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот