Најмалку 23 загинати во насилни етнички судири за кражби на добиток во Јужен Судан

Најмалку 23 лица загинаа, а 44 се повредени во насилните судири меѓу различните етнички групи предизвикани од кражбите на добиток во Јужен Судан, изјави денеска локален официјален претставник, пренесе ДПА .

-Тешко вооружените крадци нападнаа село во државата Источна Екваторија, изјави портпаролот на локалната администрација.

За време на нападот биле украдени стотици говеда, а биле киднапирани и седум деца и пет жени, го пренесува германската агенција портпаролот на локалната администрација.

Припадниците на етничката група Мурле биле вооружени со митралези и други автоматски оружја, додаде тој.

Последниот инцидент доаѓа по претходните серија смртоносни напади поврзани со кражба на добиток во Јужен Судан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот