logo
logo
logo

Ковачевски: Македонскиот ќе биде официјален јазик на ЕУ, нема никакви фусноти и дополнувања

Vecer | 02.07.2022

Ковачевски: Македонскиот ќе биде официјален јазик на ЕУ, нема никакви фусноти и дополнувања

Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на фејсбук ги демантира како што наведува, лагите и шпекулациите во врска со францускиот предлог, и порачува дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија, без никакви фусноти и дополнувања. – Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги. Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени. наведува Ковачевски во објавата на фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk