ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Евровизија: Шведски пејач се појави на сцената со палестинска марама околу раката

Ерик Саде / Фото: JESSICA GOW / AFP / Profimedia

Пејачот Ерик Саде (33), којшто ја претставуваше Шведска на Изборот на песна за Евровизија во 2010 година, годинава беше дел од ревијалниот дел на првото полуфинале на овој музички натпревар.

Сепак, неговиот настап многумина го окарактеризираа како скандалозен бидејќи тој се појави на сцената со палестинска марама околу десната рака. Шведската телевизија и Европскиот радиодифузен сојуз, кои се организатори на натпреварувањето, не се задоволни од неговата постапка.

„Сакав само да бидам инклузивен и да носам нешто што ми беше автентично, но се чини дека ЕБУ мисли дека мојата етничка припадност е контроверзна“, тврди Саде, кој е дете од мешан брак на либански Палестинец и Швеѓанка.

Фото: Antti Aimo-Koivisto / imago stock&people / Profimedia

„Мислиме дека е тажно што тој ги користи своите ставови на овој начин“, изјави Еба Адиелсон, извршен продуцент на Евровизија.

„Жалиме што Ерик Сааде реши да ја компромитира неполитичката природа на натпреварот“, напишаа од ЕБУ, додека Саде тврди дека само сакал да биде „инклузивен“.

Саде истакнува дека оние кои марамата ја нарекуваат политички симбол се „расисти“ и дека неговата цел била да носи нешто што му е драго.

„Таа марама ја добив од татко ми кога бев момче, за никогаш да не заборавам од каде потекнува семејството. Тогаш не знаев дека еден ден ќе се нарече ‘политички симбол’. Тоа е исто како да го нарекувате Далекарлискиот коњ (еден од најчестите симболи на Шведска) политички симбол… Во моите очи, тоа е само расизам. Сакав само да бидам инклузивен и да носам нешто автентично за себе, но се чини дека тоа не кажува ништо за мене, туку за нив и овогодинешниот слоган: ‘Обединети од музиката’“, напиша Саде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот