Отворање на понудите на тендерот за субвенции на нови авиолинии
Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно отворање на понудите што се доставени на повикот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година.
На повикот што беше отворен од 20 декември лани до вчера, за разлика од претходните, можат да се изберат повеќе авиокомпании.
За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии.
Финансиската поддршка, според повикот, ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба.
Се предвидува да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид.
На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“.
Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ја завршија 2022 година со приближно 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Двата аеродрома забележаа 70 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11 проценти, односно 89 проценти стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година.
Од Меѓународниот Аеродром „Скопје“ сообраќаат 11 авиокомпании („Ер Србија“, „Аустриан Ерлајнс“, „Кроација Ерлајнс“, „Еделвајс“, „Чер Ерлајнс“, „Пегасус Ерлајнс“, „Туркиш Ерлајнс“, ЛОТ, Егеан, „Виз Ер“ и „Изиџет“) до 36 дестинации, а од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид две авиокомпании („Виз Ер“ и „Чер Ерлајнс“) сообраќаат до четири дестинации.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време