Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг, Германија, што се одржува од 21 до 24 март.

Таа ќе учествува на настанот „Поезија за неприпаѓањето. Лирски импресии од Северна Македонија“ што ќе се одржи в сабота (23 март) со почеток во 15 часот.

Авторката ќе ја претстави поетот Никола Маџиров, а во најавата за настанот на европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ се вели: „Наградуваниот поет Никола Маџиров ни ја претставува младата македонска поетеса Ивана Јовановска, чиишто дела се меѓу највозбудливите од она што современата македонска книжевна сцена го нуди. Маџиров ќе го претстави неговиот текст ‘Крв и поезија на неприпаѓањето’, што неодамна беше објавен во списанието за литература и култура Зин унд форм (Sinn und Form)“.

Присутните на настанот ќе можат да ги слушнат нивните стихови на македонски и на германски јазик.

Саемот на книга во Лајпциг е вториот по големина во Германија, по Саемот на книга во Франкфурт, кој, пак, е најголемата манифестација од ваков вид во светот.

Ивана Јовановска (1998, Скопје) студира на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ — Скопје. Авторка е на стихозбирките „На ракавот на градот“ (2021, ПНВ Публикации) и „Номадски затвори“ (2023, ПНВ Публикации). Учествувала на Поетска ноќ во Велестово, на „Отскочна даска“ во рамки на Скопскиот поетски фестивал и на повеќе поетски читања во Скопје, како: „Астални проекции“, феминистичкиот фестивал „Прво па женско 6“, поетските читања во Социјалниот центар „Дуња“, како и на интернационалниот поетски фестивал „Лезеленц“ (LeseLenz) во Хаусах, Германија. Нејзините песни се често објавувани во периодиката, и преведени се на германски, на грчки и на англиски јазик. Член е на европската поетска платформа „Версополис“.

реклама

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе