02 Мај, 2024
0.0255

ОГРОМЕН РАСТ: Речиси 94 милиони возила се произведени во 39 земји во светот минатата година, најмногу во Кина

Објавено во: Економија 13 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Во светот минатата година во 39 земји се произведени 93,54 милиони автомобили и лесни комерцијални возила, а најголем светски производител е Кина со 30,16 милиони возила, соопшти денеска Српската асоцијација на увозници на возила и делови.

На второ место се САД со 10,61 милиони возила, додека Јапонија е трето со 8,93 милиони произведени возила.

Земји каде се произведени повеќе од еден милион возила се Индија, Јужна Кореја, Германија, Мексико, Шпанија, Бразил, Тајланд, Канада, Франција, Турција, Чешка, Индонезија, Словачка и Велика Британија.

Другите земји-производители, кои не се членки на OICA (Organisation internationale des constructeurs automobiles), произведоа вкупно 2.006.197 возила.

Само кога станува збор за патнички возила, произведени се 67,13 милиони од нив, повторно најмногу во Кина, САД и Јапонија, а потоа следат Индија и Германија.

По нив следуваат Јужна Кореја, Шпанија, Бразил, Чешка, Индонезија, Словачка и Франција.

Една година претходно во светот беа произведени 84,83 милиони возила, во 2021 година таа бројка беше околу 80 милиони возила, во 2020 година беа произведени 77,43 милиони, а во 2019 година речиси 92 милиони возила.

Во сите европски земји во 2023 година се произведени 18,12 возила, а во 2022 година околу 16,03 милиони возила.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности