[ВИДЕО] Поларниот вртеж изненадно го смени правецот: Неочекуваниот настан може значително да влијае на времето

Точка

06/04/2024

22:15

14.520

Големина на фонт

а а а

Големата струја на циркулирачки воздух, арктичкиот поларен вртеж, целосно ја променил насоката и сега се врти „наназад“. Треба да се спомене дека ваквите свртувања не се толку ретки.

Во текот на летните месеци на северната хемисфера ветровите кои циркулираат успоруваат и почнуваат да се вртат како стрелките на часовникот. Но сега тоа се случи на почетокот од март.

Оваа неочекувана промена на насоката за време на зимските и рано пролетни месеци може значително да влијае на времето.


Еден од шесте најјаки пресврти од 1979 година

„Драматичниот атмосферски пресврт спаѓа во еден од шесте најјаки од 1979 година“ – кажа климатскиот научник Ејми Батлер од американската национална агенција за истражување на океаните и атмосферата (NOAA), во изјава за „Science Alert“.

Во минатото нарушувањата на поларниот вртеж предизвикувале екстремно ладно време и невремиња во САД. Сегашната промена на насоката на ветрови веројатно нема да донесе ладно време, но ќе предизвика рекорден раст на нивото на озон над северниот пол.


Зголемено нивото на озонот

Над северниот и јужниот пол на Земјата, во повисоките делови на атмосферата, што се викаат тропосфера и стратосфера. Се наоѓаат постојани подрачја на низок притисок на воздухот што се нарекуваат поларни вртлози. Поларниот вртлог е најизразен во зимските месеци.

Вртежот се врти во насока спротивна од стрелките на часовникот со брзина на ветер од 250 км/ч, што е приближно иста брзина како ураган од 5. категорија. Вртежите понекогаш знаат привремено да се „превртат“, и таа промена на насока на ветровите може да трае денови, недели или месеци.


Промената се случува поради наглото стратосферско загревање кога температурата во стратосферата во текот на неколку дена пораснува за цели 50 Целзиусови степени. Тековното свртување на поларниот вртлог над Арктикот започна на 4 март. Меѓутоа, ветровите почнуваат да успоруваат, што значи дека вртежот би можел наскоро да се врати во својата „нормална состојба“, пишува „Space.com“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг