Граѓанските организации со прашања до идните парламентарци: Како ќе се справите со загадувањето, урбанизмот, владеење на право, квалитет на живот?

Загадување во Скопје / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Неколку граѓански и независни иницијативи доставија 18 прашања до политичките партии кои учествуваат на парламентарните избори поврзани со загадувањето, урбанизмот, владеење на право, квалитет на живот и побараа од идните парламентарци до 2 мај да добијат одговор за политиките што ќе се носат во наредните четири години.

„Ние од граѓанските иницијативи, независните иницијативи кои учествуваа на локалните избори и еко-здруженијата со досегашното делување стекнавме искуство, но и големо знаење за состојбите и потребите за промени. Неброено пати ги повикувавме институциите за да бидеме заедно на страната на промените, за да се подобрува, унапредува и да се обезбеди квалитетен живот на сите граѓани. Затоа денес до политичките партии учесници на изборите доставуваме 18 прашања на кои наместо флоскули и демагогија очекуваме конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план“, се вели во сооптението.

Тие велат дека речиси 70 проценти од законите се спроведуваат на локално ниво, а одлуките кои следните парламентарци ќе ги носат, директно ќе влијаат и на политиката на локално ниво.

„Ние на овие избори не учествуваме директно, но и ние и останатите граѓани гласаме. И сакаме информирано да гласаме! Одговорите од партиите ги очекуваме до 2 мај“, порачаа од граѓанските иницијативи.

Како граѓани, имаме право на одговори за клучните прашања поврзани со:
Загадувањето
Урбанизмот,
Владеењето на правото
Квалитетот на животот
Нашите заложби се јасни: транспарентно, чесно, законито и правично општество за сите, политики кои ги штитат граѓанинот и јавниот интерес, обезбедуваат и стимулираат активно граѓанско вклучување и обезбедуваат здрава животна средина и подеднакви квалитетни услуги за сите граѓани низ државата.

Во исчекување сме да ги чуеме конкретните одговори од учесниците на изборите. Од нивниот одговор зависи и нашиот одговор на гласањето.

Прашањата се потпишани од:

Граѓанска иницијатива Шанса за Центар – Скопје

O2 Иницијатива

Граѓанска иницијатива Зелен хуман град – Скопје

Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба – Скопје

Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош- Скопје

Граѓанска иницијатива Заедно за промена – Скопје

Граѓанска иницијатива Стига е – Струмица, Босилово, Ново Село

Граѓанска иницијатива За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода – Скопје

Граѓанската иницијатива Грин.Орг – Кочани

Граѓанската иницијатива Охрид SOS – Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот