Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во две, Османи во 16, Таравари и Димитриевски во по една

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освои најмногу гласови две, Бујар Османи од дуи во 16, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од Знам во по една општина, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

И во скопските општини води кандидатот на ВМРО ДПМНЕ. Силјановска Давкова е во предност во однос на противкандитот во вториот круг, Стево Пендаровски, и во Центар, Карпош и Кисела Вода. Според податоците на ДИК, на ниво на цела држава, кандидатот на СДСМ единствено води во Крушево и Маврово и Ростуша.

Од тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата само двајца добија најголем број гласови во општините каде се градоначалници - Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар, додека Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите.