Врз основа на просечно дневно возење од 35 km, Lightyear 0 може да помине цели два месеци пред да треба повторно да се приклучи на струја

Холандската компанија Lightyear, која последните шест години ги помина во развој на технологии за создавање на првото електрично возило во светот на соларен погон, сега влезе во нова фаза. Првиот модел, Lightyear 0, влезе во производство. Напредокот во технологијата на батерии резултираше со значително намалување на времето на полнење во текот на изминатите неколку години. Основачот и извршен директор на Lightyear, Лекс Хоефслот, меѓутоа, е на мислење дека брзата транзиција кон електрични возила ќе резултира со голем број возила кои бараат пристап до инфраструктурата за полнење, која нема да се зголеми во согласност со зголемената побарувачка. Автомобилите на Lightyear на соларна енергија, сепак, нема да бидат толку зависни од инфраструктурата.

Lightyear 0 доаѓа со кабел за полнење, но има и автономија која расте со сончевата енергија. Батеријата во автомобилот има скромни 60 kWh што ветува автономија од 463 km со едно полнење. Во комбинација со соларното полнење што е достапно со два заоблени панели, Lightyear 0 може да достигне 695 km. Тоа е веројатно премногу амбициозно, но е интересно. Врз основа на просечно дневно возење од 35 km, Lightyear 0 може да помине цели два месеци пред да треба повторно да се приклучи на полнач.

Lightyear соработува со финската компанија Valmet Automotive за своите производствени барања. Valmet има повеќе од една деценија искуство во производство на електрични возила, а неговите претходни соработки вклучуваат големи имиња од автомобилската индустрија, како Mercedes Benz, Porsche и Saab. За почеток, фабриката ќе произведува еден автомобил неделно и има за цел да го зголеми производството до првиот квартал на 2023 година. Lightyear работи на Model Two, кој се очекува да бара уште помал пристап до електрично полнење и да биде поевтин за џебовите на оние кои сакаат да го купат.

Lightyear 0 чини околу 250.000 евра.