logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Рубља патриотите на Апасиев во град Скопје ги гласаа бизнисите на ДУИ-СДС и Арсовска

Vecer | 27.01.2023

ВМРО-ДПМНЕ: Рубља патриотите на Апасиев во град Скопје ги гласаа бизнисите на ДУИ-СДС и Арсовска

Рубља патриотите на Апасиев во град Скопје, заедно со уценетата ГРОМ чија улога е да биде портпарол против ВМРО-ДПМНЕ ги гласаа бизнисите на СДС, ДУИ и Арсовска поврзани со изработка на урбанистички планови и уредување на градежно земјиште, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Сложната коалиција составена од фолирантите од Левица со директори во Град Скопје, криминогената СДС и нивните газди ДУИ лесно се удружија да изгласаат изработка на нови урбанистички планови, нов градски бетон и уредување на градежно земјиште за заштита на приватни бизнис интереси.

Лицемерието на рубља патриотите од Левица кои пред јавност глумат Че Гевара, а зад сцената прераснуваат во Путинови олигарси од балкански тип се гледа и во фактот што се најголеми поддржувачи на новото задолжување што го планираше Арсовска, за кое нема елементарни податоци и информации, додека за задолжувањата за градинки, нови паркови и училишта во Штип, Аеродром и други општини се остро против. Разликата е што Арсовска го остварува интересот на Левица што се гледа и во неколкуте директорски места во градот Скопје со што ја споделуваат власта со СДС и ДУИ.

Апасиев кој ја има улогата дадена од СДС да биде опозиција на опозицијата добро нека го погледне видеото каде јасно се гледа како советниците на СДС, ДУИ, ЛЕВИЦА и Гром гласаат бизнис интереси, стои во соопштението на партијата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk