„Бог ме направил убава – да не бев убава, ќе бев учителка“: 10 незаборавни цитати на славната Линда Еванџелиста

Точка

10/05/2024

19:31

9.603

Големина на фонт

а а а

Канадската манекенка Линда Еванџелиста денес го слави својот 58-ми роденден, а по неколку години непојавување на модните писти, таа веќе некое време повторно е во бизнисот и на висина на задачата - како што и сме навикнати.

Уште од мала сонувала за кариера во манекенството, а на 16 години учествувала во тинејџерскиот натпревар за Мис Нијагара. Иако не победила, таа го привлекла вниманието на претставниците на агенцијата „Elite Model Management“.

Само неколку месеци подоцна, Еванџелиста го имала своето прво големо снимање во Јапонија. Во меѓувреме, таа стана една од најпопуларните модели во историјата, појавувајќи се на насловните страници на „L'Officiel“, „Vogue“, „Harper's Bazaar“, „Cosmopolitan“, „Glamour“, „Mademoiselle“, „Elle“, „W“, „Marie Claire“, „Allure“, „Time“, „Newsweek“, „Rolling Stone“...


Покрај тоа, нејзиното лице красеше повеќе од 700 насловни страници на престижни списанија ширум светот.

Со текот на времето Линда започна да се повлекува од сцената, а во еден период не ја гледавме со години. Папарацо фотографиите открија дека повеќе не изгледа како во деновите на нејзината најголема слава, а потоа за „People“ ја откри шокантната вистина - како се подложила на третман наречен „Cool Sculpting“, кој подразбира замрзнување на мастите, по што, како што рекла, била „изобличена“ бидејќи се случило сосема спротивното од она што сакала да го постигне.

Манекенката ја тужела компанијата „Zeltiq Aesthetics Inc“ која ѝ ги пружила овие услуги, за отштета од 50 милиони долари, а на суд со леснотија победила и му се посветила на својот изглед за да може повторно да работи.


Еванџелиста набрзо се врати на пистата, а денес повторно е активна и е една од најзабележливите во секоја кампања, на секоја модна ревија, на секој настан кој ги обединува познатите...

За животот и кариерата на Линда, помалку или повеќе се знае сè што е важно, а денес по повод нејзиниот роденден се потсетуваме на неколку интересни цитати на познатата манекенка.

„Бог ме направил убава. Да не бев убава, ќе бев учителка“.

„Не станувам од кревет за помалку од 10.000 долари на ден“.

„Луѓето мислат дека манекенството е бесмислено, дека само стоите и позирате, но не мора да биде така. Сакам да мислам дека имам голем придонес. Знам како да носам фустан, без оглед на тоа дали ме снимаат додека стојам или седам“.

„Кога влегов во оваа работа ми рекоа дека пред себе имам 3 добри години“.


„Не сакам повеќе да спијам со никого. Не сакам да слушам како некој дише“.

„На фотографиите не знам која сум вистинската јас - сето тоа е лажно, само се преправам. Нема многу од мене во работата. Ако се погледнам во огледало на работа, ја гледам шминката и косата. Тоа не е исто како кога се гледам себеси“.

„Можам да правам што сакате сè додека не морам да зборувам“.

"Не мислам дека стареењето е грд процес. Мислам на стареењето како нешто убаво. Ми се допаѓаат брчките. Не сакам опуштена кожа. Ако имам само брчки, нема да правам ништо. Но, ако сè почне да „паѓа“, ќе одам на лифтинг“.

„Треба да се слават модните грешки. Уживам во нив бидејќи тоа значи дека не сме сите клонови“.

„Мислам дека списанијата не треба да бидат полни со слаби луѓе. Сите треба малку повеќе да се потрудиме со она што го имаме. Може да се постигне подобра фигура и работа на срцето со исхрана и вежбање“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг