„Apple“ ја повлече рекламата за новиот „iPad Pro“ поради реакцијата од јавноста: Еве што предизвикало негативни коментари

Точка

10/05/2024

13:46

4.396

Големина на фонт

а а а

Американската технолошка корпорација „Apple“ се извини поради краткото рекламно видео за новиот таблет „iPad Pro“ со чип „M4“, откако се соочила со остри критики на социјалните мрежи.

„Нашата цел е секогаш да славиме безброј начини на кои корисниците се изразуваат и ги остваруваат своите идеи преку „iPad“. Со оваа видеоснимка ја промашивме поентата и жал ни е поради тоа“, изјавил директорот за маркетинг на „Apple“ Тод Мајрен, пренесува „CNBC“.

Извршниот директор на „Apple“ Тим Кук го објавил споменатото видео на профилот на „X“ во вторникот, а „Apple“ Исто така го објавил на „YouTube“.

Снимката прикажува креативни алати како што се клавир, гитара, фотоапарати, канти со боја или книги кои постепено ги уништува голема хидраулична дробилка, за на крајот сите овие објекти да се претворат во новиот таблет на „Apple“.

Спотот предизвикал потсмев и огорченост кај гледачите, бидејќи многумина навеле дека уништувањето на креативни алатки ги навредило.




Спонзорирани линкови

Маркетинг