(Видео) Левица: Димески од Тетово – ги решаваме високите сметки за електрична енергија

  • Соопштение на политичката партија Левица

Денес во Тетово, носителот на ИЕ 6, Игор Димески, ја презентираше програмата за престојните избори, преку свое обраќање кон сите граѓани.

,,Ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори е мерката – Народни електрани. Народни електрани е автентичен проект на Левица, кој на секое семејство во Македонија ќе му обезбеди сопствена централа за производство на електрична енергија”, потенцираше Димески.

Левица ги решава високите сметки за електрична енергија.

Времето за решителна борба пристигна.

Промената е започната и ништо не може да ја запре!