logo
logo
logo

Притвор за осомничен кој крадел мобилни телефони во Скопје

Vecer | 24.03.2023

Притвор за осомничен кој крадел мобилни телефони во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
Во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски центар во Скопје, искористил невнимание на две жени и им ги одзел мобилните телефони, од кои едниот во вредност од 20.000, а другиот вреден 77.000 денари.
На 23 март годинава, осомничениот искористил што градски автобус кој се движел по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” бил преполн, па од џебот на еден патник одзел мобилен телефон вреден 20.000 денари.
Оценувајќи дека постои опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk