18 Мај, 2024
0.0294

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Објавено во: Економија, Финансии, Свет 26 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Четири земји од Групата 20 најголеми економии во светот - Бразил, Германија, Шпанија и Јужна Африка - потпишаа предлог за воведување данок од најмалку два отсто за 3.000 милијардери во светот, што ќе обезбеди 292 милијарди евра за борба против сиромаштијата и климатската криза.

Министрите од споменатите земји истакнуваат дека воведувањето данок на милијардерите ќе ја намали глобалната нееднаквост и ќе му помогне на светот да се справи со шоковите од пандемијата, климатската криза и воените конфликти во Европа и на Блискиот Исток, пишува Гардијан.

„Време е меѓународната заедница сериозно да се зафати со нееднаквоста и финансирањето на глобалните јавни добра“, нагласуваат министрите.

Тие бараат повеќе земји да се приклучат на нивната кампања и додаваат дека годишниот данок на имотот на милијардерот би бил доволен за покривање на сите глобални штети предизвикани од екстремните временски услови во 2023 година.

Групата 20 земји ќе разговара за овој план во јуни.

Франција сигнализираше дека ќе го поддржи планот, а претседателот на Групата 20 Бразил е охрабрен што Соединетите Држави не се против идејата.

„Милијардерите имаат најниска ефективна даночна стапка од која било друга социјална група. Мислам дека никој не го поддржува тоа“, вели францускиот економист Даниел Зикмо.

Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа