logo
logo
logo

Блинкен: Хамас е единествената пречка за прекин на огнот во Газа

Vecer | 04.05.2024

Блинкен: Хамас е единествената пречка за прекин на огнот во Газа

„Чекаме да видиме дали навистина ќе се согласат на прекин на огнот и дали ќе ги ослободат заложниците“, рече Блинкен на форумот Седона на Институтот Мекејн во Аризона.

„Реалноста во моментов е дека Хамас е единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“, додаде тој. Израел и земјите посредници сè уште чекаат одговор од исламистичкото движење на предлогот за 40-дневно примирје поврзано со ослободувањето на заложниците во Газа во замена за палестинските затвореници кои ги држи Израел.

Делегација на Хамас денеска замина за Каиро за да ги продолжи разговорите. Истакнувајќи дека милитантите на Хамас „тврдат дека го претставуваат“ палестинскиот народ, Блинкен рече дека „ако тоа е вистина, прекинот на огнот треба да се прифати“.

Американскиот државен секретар, исто така, процени дека израелскиот напад врз Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, кој е дом на повеќе од милион Палестинци раселени поради војната, ќе предизвика штета „поголема отколку што е прифатливо“. Според Блинкен, Израел не претставил никаков план за заштита на цивилите при овој можен напад.

„Во отсуство на таков план, не можеме да поддржиме голема воена операција во Рафа, бидејќи штетата што таа би ја предизвикала би била над она што е прифатливо“, рече тој. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот ја потврди намерата да започне офанзива на Рафа „со или без договор“ за прекин на огнот. „Ќе направиме сѐ што е потребно за да го победиме и поразиме нашиот непријател“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk