Две компании ќе земат 951 905 евра грант за развој на стручното образование

Две компании ќе земат 951 905 евра грант за развој на стручното образование, една од областа на медицината една од машинската индустрија од  Регионалниот фонд за предизвици кој е обврзан да подржи 16 проекти до 85 партнер-претпријатија од Македонија со 7,13 милиони евра по три отворени повика.

Средства наменети за подобрување на инфраструктурата на образовните установи и обезбедување обука за учесниците во програмата за кооперативно образование. На третиот повик за предлог проекти, пристигнале 155 изјави на интерес од земјите на Западен Балкан, од кои 25 биле од Македонија. 

Ова е добра реформа во образовниот процес, дуално образование во средните училишта е наставна програма за која укажувале од стопанска комора на Македонија уште од 2007 која би продуцирала добро квалификуван кадар за потребите на стопанството, за одредени работни позиции не е неопходно високо образование.

Ваквите грантови на  Регионалниот фонд за предизвици се со цел за поттикнување на одржливата конкурентност на бизнисите од Западен Балкан на патот кон единствениот пазар на ЕУ финансиски поддржувајќи го стручното образование кое во соработка со претпријатијата треба да одговори на потребите од одредени вештини