Ти за кого си, за Американците или за Русите?

Драган Мишев / Фото: Цивилмедиа.мк

Од едната страна се политичари и партии што ги осудуваат ретроградните политики на Путин и неговата агресија врз Украина, а од другата страна се декларираните анти-ЕУ и анти-НАТО политичари и партии со силни проруски симпатии, кои јагресијата ја нарекуваат ја „специјална операција“ со вордингот на руската пропаганда.

Во поранешна Југославија, таму некаде во доцните седумдесетти години на минатиот век, кружеше еден виц што иако сите го знаеја, сите одново го прераскажуваа, и одново се смееја на него. Одеше некако вака: двајца начекуваат еден сам во парк, го прашуваат: Ти за кого си, за Американците или за Русите? Овој им одговорил за Русите, и двајцава го изнатепале. По некој ден повторно се случила истата средба. И повторно мангупиве го прашале: Ти за кого си, за Американците или за Русите? Овој поучен од претходната случка, сега им одговорил: за Американците, мислејќи дека овој пат се спасил. Но, двајцава повторно го изнатепале.
Вицов изгледа дека не му бил смешен на некој кој студирајќи кај татка си и неговите колеги, животот го сфатил со математичка прецизност, и решил понатаму во животот да не дава експлицитни одговори на конкретни прашања, и да не зазема конкретна страна, туку да левитира некаде помеѓу, и одолговлекувајќи доволно долго за да си добие на време, или да избега, или овие двајцава да ги стемни чекајќи одговор и да се откажат.
Во Северна Македонија, 21 век, 2024 година, во пресрет на парламентарните и изборите за претседател на државата, на политичката мапа се профилираат два дијаметрално спротивни правци: oд едната страна се политичари и партии со демократска, прогресивна, прозападна, јасно нагласена евроатлантска провиниенција, кои ги осудуваат ретроградните политики на Путин и неговата агресија врз Украина; од другата страна се декларираните анти-ЕУ и анти-НАТО политичари и партии со силни проруски симпатии, кои ја оправдуваат целосната неиспровоцирана воена агресија врз Украина, секако нарекувајќи ја „специјална операција“ со вордингот на руската пропаганда.
Но, секако, има и еден дел кој флуктуира во сивата зона, ни ваму, ни таму, односно час ваму, час таму, избегнувајќи децидно да одбере страна, додворувајќи се на неколку страни истовремено, во зависност на лукративните интереси на некој поединец во врвот на партијата.
Да, погодивте, токму тој од вицот на почетокот од текстов.

Про-ЕУ и про-НАТО прогресивци кои ја осудија руската агресија врз Украина

Како предводник на владината коалиција, СДСМ од самиот почеток јасно ја осуди руската агресија врз Украина и застана на страната на западните сојузници поддржувајќи ги заедничките напори за поддршка и помош на Украина. На иста линија е и коалицискиот партнер во владата, најголемата албанска партија, ДУИ, но и другите албански опозициски партии што негуваат силни прозападни, проамерикански чувства и се силни поддржувачи на учеството на земјава во НАТО и ЕУ. Всушност, целиот македонскиот државен воен и политички врв со осуда за руската инвазија на Украина и застана на страната на прогресивните сили.
Руската инвазија на Украина ја, и актуелниот претседател и претседателски кандидат врз Украина ја осуди обраќајќи се на 78. Генералното собрание на Обединетите нации. Агресијата ја осуди и поранешниот претседател на СДСМ и. Осуда пристигна и од високите функционери на ДУИ, пред сè тогашниот и министерот за надворешни работи, кој едно време беше и претседавач со ОБСЕ, И двајцата својата поддршка за Украина ја изразија и професионално и лично, при посетата на нивните украински колеги во воените жаришта во Украина.
Собранието со 100 гласа „за“, три „против“ и ниту еден „воздржан“ на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, поднесена од пратеничките Моника Зајкова и Маја Морачанин од коалицискиот партнер во владата, ДОМ.

Сива зона

Во овој контекст мора да се напомене дека и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа декларацијата, но индикативно е што, покрај Левица, во Собранието против декларацијата се изјасни и коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите, кој дури и ги нападна САД, најголемиот и најважен стратешки партнер на Северна Македонија (истото, барем декларативно го признаваат и од партијата на Мицкоски)
Иако од ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат (повторно, барем декларативно) дека во целост ги поддржува ставовите на НАТО и партиите од Европската народна партија (ЕПП) во врска со ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација, а и самиот лидер Мицкоски (полуофицијално) на Фејсбук ја осуди руската агресија врз Украина, со ваквите потези само се потврдува неконзистентноста на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кога се работи за односот кон Русија и кон западните земји, секако, ако се земе предвид однесувањето, Иван Стоиљковиќ, кој на коалициските координации седи на почесно место, десно од Мицкоски. Тој како докажан путинист и „рашист“, во екот на најбруталните руски рекетирања на цивилни цели во Украина, беше каде се сликаше во друштво со сличните на него, докажани антиевропските елементи од регионот, претседателот на Република Српска, Милорад Додик и директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, и каде, на општо (само)задоволство на присутните, видео-обраќање имаше рускиот претседател Владимир Путин. Лидерот Мицкоски, како и за многу други прашања од национален интерес, немаше реакција ни по ова прашање, и едноставно го одмолча, во надеж дека и оваа епизода набрзо ќе се заборави.
Со непроизнесување конкретни ставови и немање јасна и недвосмислена, конзистентна осуда на руските акти на терор врз цивилното население во Украина, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кокетира и со голем дел од нивните членови, поддржувачи и симпатизери кои имаат исклучиво, и би рекле екстремно проруски убедувања, за што на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јовановски, кој открива дека на сите веќе им е јасно дека огромно мнозинството од членството на ВМРО-ДПМНЕ е проруски, словенофилски и суверенистички ориентирано, и непријателството со Русија им пречи, и за што Јовановски понатаму истакнува дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт проруската ориентација ќе се види и кај раководството на партијата.
Јовановски само го истакнува општо познатото силното проруско влијание во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кое Мицкоски се обидува да го скрие, а всушност само покажува зошто оваа партија постојано се јавува како кочничар на евроатлантскиот пат на земјава и прави се за Северна Македонија да не го продолжи патот кон Европската Унија.

Про-Путин, анти-ЕУ и анти-НАТО братија

И сега доаѓаме до онаа втората, линија на јасно изразени путинисти, „рашисти“, анти ЕУ и анти НАТО помали здруженија и политички партии, меѓу кои доминира десничарската Левица на Апасиев, кои непречено шират руска пропаганда во земјава, а нивните поддржувачи на социјалните мрежи, но и во дел од медиумите, континуирано ја величаат бруталната агресија на Русија врз Украина, и јавно се закануваат дека доколку дојдат на власт ќе ја повлечат земјава од евроатлантските сојузи.
„Досието“ за проруското дејствување на Левица во Северна Македонија е обемно. На 16 март, екстремните десничари, шефот на Левица, Димитар Апасиев и неговиот колега, пратеникот Борислав Крмов, го примија рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Македонскиот парламент. Како што се пофалија „домаќините“, тие 90 минути разговарале без преведувач, на македонски јазик, за „денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опасност за секоја современа демократија“. Среде руската агресија врз Украина, членови на партијата Левица ја посетија Москва, каде што учествуваа на прославата за 100-годишнината од формирањето на пионерската организација на Советскиот Сојуз и имаа средба со лидерот на Комунистичката партија на Руската Федерација, Генадиј Зјуганов, како и со раководството на партијата и дел од пратениците во руската Дума.
Својата болна ја покажаа на 12 јули 2023 година, кога пред сопствените камери, ја вандализираат таблата со натписот на новиот „Парк Украина“, кој беше пред претходниот месец на иницијатива на Општина Чаир, во соработка со Украинската амбасада, со поддршка од ЦИВИЛ и други граѓански и хуманитарни групи и организации.
И да не остане покусо, како во вицот со коњот и жабата, нога кренала и проруската партија со исклучително проруско име, копија од името на партијата на рускиот диктатор, Единствена Македонија, и нејзиниот лидер, истакнат путинист Јанко Бачев, кој на локалните избори во октомври 2021 година даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно чувствувајќи дека своите проруски ставови ќе има можност да ги имплементира само доколку на власт дојде партијата за која верува дека декларативно искажаните прозападните ставови не и се непроменлива категорија.
Изборите се ближат. На тебе е да одлучиш дали си за „Американците“ или за „Русите“. Гласањето е тајно и нема потреба да се плашиш дека ќе бидеш натепан од мангупаната како во вицот на почетокот од текстов. Тие се останати само во сивата зона на фрустрациите од детството на дотичниот антихерој.

Цивилмедиа

(Авторот е активист)

ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот