ВИДЕО Десетици торнада го погодија централниот дел на САД: Има загинати, прогласена вонредна состојба

Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во американската сојузна држава Оклахома, соопшти гувернерот Кевин Стит.

Стит издаде извршна наредба со која прогласи „вонредна состојба во 12 окрузи поради последиците од тешките временски услови“.

Речиси 30.000 луѓе останаа без струја по торнадата што започнаа доцна во саботата навечер.

Спасувачките екипи ги проценуваат штетите на домовите и деловните објекти предизвикани од торнадото кое беше проследено со обилни врнежи и поплави.

Десетици торнада предизвикаа хаос во централниот дел на САД од петокот, а предупредувањата за поплави беа на сила во Оклахома, Канзас, Мисури, Арканзас и Тексас во неделата, пренесува АП.

Во Оклахома, торнадо ечеше низ Холденвил, град со околу 5.000 жители на околу 130 километри од Оклахома, во саботата доцна навечер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното