Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

МАКФАКС
/ 18.04.2024 / 15:26

Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, изјави дека следната цел на рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде Балканот, пренесува „Анадолија“.

Во средата вечерта во Капитол во Вашингтон, Џонсон разговараше со новинарите за прашањето за гласање за странска помош за Украина, Израел и Тајван, а го спомена и Балканскиот Регион.

На прашањето од новинарите зошто е подготвен да ја изгуби работата само за да го обезбеди планот за помош, Џонсон одговори дека секогаш се труди да ја направи вистинската работа.

„Мојата филозофија е да ја направам вистинската работа. Ако дејствувам само од страв, никогаш не би можел да си ја работам својата работа“, рече Џонсон и додаде:

„Историјата не суди поради она што го правиме. Ова е критично време, критично време на светската сцена. Би можел да донесам себична одлука и да направам нешто поинаку, но еве го правам она што верувам дека е вистинската работа. Мислам дека обезбедувањето правна помош за Украина е од клучно значење во моментот“.

Тој нагласи дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и Иран се оската на злото и дека работат во координација на овој фронт.

„Мислам дека Путин би продолжил да маршира во Европа доколку му се дозволи тоа. Мислам дека следниот пат би можел да оди на Балканот. Мислам дека би можел да има пресметка со Полска или со некој од нашите сојузници во НАТО“, додаде Џонсон.

Тој рече дека „попрво би испратил куршуми во Украина отколку американски момци“.

„Мојот син ќе почне со Поморската академија оваа есен. Ова е вежба со бојна муниција за мене и за многу американски семејства“, рече Џонсон.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата исто така даде силна поддршка на планот на Џонсон да обезбеди дополнителни средства за Украина и Израел.

Гласањето за пакет-помошта, најверојатно, ќе се одржи в сабота вечер.

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе