Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денот на кој се гласаше за прв круг претседателски избори го прогласи за мирен и со незначителни нерегуларности.
„Со задоволство сакам да истакнам дека денешниот изборен ден помина во демократска атмосфера како резултат на добрата соработка на полицијата, Државната изборна комисија и другите чинители, поради што денот помина без поголеми инциденти“, рече Тошковски.
Министерот рече дека се евидентирани 12 фотографирања на изборно ливче, две кинења на изборно ливче, шест пријави за нудење поткуп о 15 пријави за агитирање. Ќе следуваат две кривични пријави - една за повреда на тајност на гласање и една за повреда на избирачко право
„Ова беа успешни, мирни и демократски извбори на кои граѓаните слободно го остварија своето право на глас“, заклучи Тошковски по затворањето на гласачките места.