Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова - 38,51%, Стево Пендаровски - 18,93%

Првичните нецелосни резултати од деншниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на каднидатката на опозицијата Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

 

Податоците кои од избирачките места се собираат во Државната изборна комисија се дека Силјановска-Давкова води со два спрема еден пред Пендаровски.

Од обработени 46 проценти од вкупниот број избирачи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 1224.044 гласови, Пендаровски, кој е поддржан од владејачкиот СДСМ, има 110.108 гласови. Потоа, следи Бујар Османи, од владејачката ДУИ, со 87.321 гласови, Арбен Таравари кандидат на албанскиот опозициски блок, има 63.524 гласови, кандидатот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, има речиси 48.095 гласови од граѓаните, Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, има речиси 26.399 гласови, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, има 5.341 гласови.

Податоците се менуваат од минута во минута, зашто системот на ДИК постојано ги ажурира.