Прилепчанец фатен на дело при кражба

Полициски службеници вчера во Прилеп лишиле од слобода прилепчанец, кој бил затекнат  при извршување кражба во продажен објект.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од ОВР Прилеп на вчера во 10.30 часот го лишиле од слобода 40-годишниот прилепчанец Џ.П..

- Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на улица „Димо Наредникот“ во Прилеп, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, се наведува во соопштението.

Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот, против Џ.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.