Општо

Владата ќе прогласи седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани

Автор: Игор Смилевски

16 март 2025, 13:14

Одлуката ќе биде донесена на денешната владина седница што ќе се одржи во 16 часот

Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови

Владата ќе прогласи седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани

МИА

Игор Смилевски

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Одлуката ќе биде донесена на денешната владина седница што ќе се одржи во 16 часот.

„Владата на денешната седница која ќе се одржи во 16:00 часот ќе донесе одлука за 7-дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави“, се вели во информацијата од Владата.

На вонредна прес-конференција во врска со пожарот кој синоќа избувна во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека од вкупно 59 лица, 35 се идентификувани. Од идентификуваните 31 лице се од Кочани, а четири од Штип. 

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Министерот посочи дека полицијата ќе изврши разговори со повредени пациенти кои се во контактибилна состојба, а од министерството за економија се обезбедува документација за дискотеката и нејзините сопственици. Исто така, распишана е централна потерница за четири лица.

Владата најавува вонреден инспекциски надзор во ноќните клубови
Општо

Владата најавува вонреден инспекциски надзор во ноќните клубови

Се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор)

пред 11 час

Автор: Владимир Николоски

Сите новости од рубриката Политика

Политика

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан во полициска станица
Општо

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан во полициска станица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица.

пред 8 часа

Сиљановска-Давкова: Ниту еден одговорен не смее да ја избегне казната
Општо

Сиљановска-Давкова: Ниту еден одговорен не смее да ја избегне казната

Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединци. Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот, нагласи претседателката.

пред 9 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Политика
Регистрирајте се и отклучете 5 статии!

*Започнете го денот со дневниот билтен и најважните деловни вести

Регистрирај се