Кој правец ќе го фати македонската економија

Пишува: Димитар Синдилиев – заменик-координатор на Левица – сектор економија

Последниве неколку години САД се обидува да ја зголеми својата економска присустност во Европа како дел од стратегијата за справување со брзо растечкото економско и геополитичко влијание на Кина во регионот. За оваа цел, САД воспоставува неколку агресивни активности:

Дипломатско лобирање и преговори за трговија: САД активно работат на утврдување на нови трговски договори и структури за економска соработка со земјите во Европа. Ова вклучува преговори за слободна трговија, договори за инвестиции и соработка во областа на технологиите и иновациите.

Промовирање на алтернативни извори на енергија: САД не го поддржуваат проектот „Јужен Тек“, со цел да ги диверсификува европските извори на гас и да ја намали зависноста на Европа од рускиот гас.

Борба против кинески инвестиции: САД активно се обидуваат да ги ограничат или да ги спречат кинеските инвестиции во стратегиски инфраструктурни проекти во Европа, бидејќи сметаат дека овие инвестиции можат да доведат до зголемување на кинеското влијание во регионот.

Податоците за трговска размена меѓу земјите од ЕУ и САД од една страна и земјите од ЕУ и Кина од друга страна за последната 2023 година велат дека  економската размена помеѓу ЕУ и САД изнесува околу 800 милијарди евра, додека размената помеѓу ЕУ и Кина изнесува околу 650 милијарди евра. Според овие податоци, ЕУ има поголем трговски партнер во САД за околу 150 милијарди евра отколку во Кина.

Иако Кина останува значаен трговски партнер за Европската Унија, разликата во економската размена со САД покажува дека САД се посилно интегрирани во европската економија во споредба со Кина. Ова е резултат на блиските политички, економски и културни врски помеѓу САД и земјите во Европската Унија, како и на постојаните преговори за трговија и инвестиции помеѓу овие две економии.

Сепак како исклучок од ЕУ земјите е Германија на која Кина со години и е главен трговски партнер. По турбуленциите на геополитичката сцена, САД тивко пробува да го превземе местото на Кина. Соработката помеѓу Германија и САД на економско поле постои долго, а во последно време се забележува зголемен интерес од страна на САД со интензивирање на односите, особено во делот на слободната трговија и инвестициите.

Што се однесува до трговската размена, Германија има значително поголем увоз од Кина. Според податоците од 2021 година, вредноста на германскиот увоз од Кина изнесува околу 123 милијарди евра, додека увозот од САД изнесува околу 76 милијарди евра. Ова покажува дека Кина и покрај зголемениот економски и политички притисок на САД останува најзначаен трговски партнер за Германија. За 2023 година, економската размена во пари помеѓу Германија и САД изнесува околу 215 милијарди евра, додека размената помеѓу Германија и Кина изнесува околу 250 милијарди евра. Според овие податоци, повторно Кина останува поголемиот трговски партнер на Германија во 2023 година.

Обидите на САД да го зголеми своето економско влијание во ЕУ имаат директно и индиректно влијание на микро план на Балканот, како и на Република Македонија. Директното влијание на САД врз европската економија на Балканот ќе ја почувствуваат прво ЕУ земјите Словенија и Хрватска. Индиректното влијание го чувствуваат балканските земји кои не се во ЕУ, а најголем удар може да претрпи Србија. Овие активности може да доведат до појава на геополитичка тензија и конкуренција, а тоа може да влијае на стабилноста и на економскиот раст на Балканот, а и кај нас.

Агресивната економска конкуренција на САД во регионот точно е дека може да ги стимулира инвестициите и да создаде нови можности за развој. Но, цената за тоа е да предизвика тензија, нетрпение, нетолеранција и во краен случај конфликти помеѓу различни актери. Досегашниот курс на владата во заминување беше поданички кон ЕУ и САД. Останува да видиме какви позиции ќе заземе новата влада во однос на економиите на ЕУ и САД и во однос на брзорастечката геополитичка економија.