Не можат да се погледнат во очи: Вилијам и Хари ќе присуствуваат на настан во чест на Дијана, но во различно време

Фото: Dominic Lipinski / AFP / Profimedia

Принцот од Велс, Вилијам и војводата од Сасекс, Хари вечерва ќе присуствуваат на настан во спомен на нивната покојна мајка принцезата Дијана, но нема да се појават заедно во исто време.

Принцот Вилијам ќе одржи краток говор пред толпата во Музејот на наука во Лондон оваа вечер на годишните награди „Дијана легаси“ и ќе им додели награди на дваесет добитници, а Хари ќе се обрати преку видео повик од Калифорнија, дури откако неговиот брат ќе ја напушти церемонијата.

Нивното појавување на наградите беше внимателно планирано за да се осигура дека браќата нема да бидат во просторијата во исто време, дури и виртуелно, пишува „Лондон тајмс“. Како што пишува весникот, фактот што одбиваат да се појават заедно на церемонијата доволно говори за раздорот меѓу браќата и нивната врска.

Доделувањето на овие награди се одржува секоја втора година. Наградите им се доделуваат на „исклучителни млади поединци кои ја инспирираат следната генерација да ги следи стапките на Дијана и да направи позитивна разлика во светот“, се вели во соопштението на организаторите на настанот.

Вилијам и Хари претходно присуствуваа на наградите заедно, но бидејќи Хари ги напушти своите кралски должности за да започне нов живот во САД со своето семејство и објави книга во која жестоко го критикуваше кралското семејство, браќата не се во добри односи и повеќе не се појавуваат заедно.

ФОТО | Кејт Милдтон призна дека сама ја монтирала фотографијата што ја објави вчера и се извини за конфузијата што ја предизвика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот