ХАОС ВО РУСИЈА, ПОЧНА КОНТРОРИСТИЧКА АКЦИЈА: ФСБ ги опколи милитантите, тие ОТВОРИЈА ОГАН! „Неутрализирани двајца насилници“

Припадници на ФСБ убија двајца терористи за време на антитерористичка операција во Налчик, град во руската република Кабардино-Балкарија.

Ова го соопшти информативниот центар на Националниот антитерористички комитет.

– Како резултат на антитерористичката операција во предградието на Налчик, во врска со утврдување на каде се вооружени лица кои учествувале во терористички активности, според достапните податоци, двајца разбојници, членови на бандитска група која била дел од меѓународна терористичка организација, беа неутрализирани. Планирале на територијата на републиката да извршат голем број саботажни и терористички акти – наведува НАЦ.

За да се зачуваат животите на цивилите, во тој дел на Најчик привремено е воведена вонредна состојба.

– Како одговор на понудата да го положат оружјето и да се предадат на властите, бандитите отвориле оган врз полицајците – беше соопштено претходно.

На крајот на март беше воведен режим на антитерористичка операција во Махачкала и Каспијск.

Тогаш биле приведени три лица кои планирале терористички напади, а се испоставило дека двајца од нив се од Централна Азија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното