Свет

Обединето Кралство: Четиридневната работна недела даде одлични резултати

23 фев 2024

Проектот за четиридневна работна недела кој се спроведе во Обединетото кралство, се покажа како апсолутен хит, откако најголемиот дел од компаниите кои биле вклучени во истражувањето одлучиле да го задржат таквиот работен модел.

Извештајот после истражувањето бил спроведен во 61 компанија во перидот од јуни до декември 2022 година, со тоа вработените за 80 отсто од вообичаеното време поминато на работа примале иста плата како и преходно. Единствениот услов, како што пренесува „Си ен ен “, бил  100%  да ја завршат нивната работа.

 Најмалку 89% од тие компании сè уште го задржале тој модел на работа, а најмалку 51% од компаниите целосно се префрлиле на четиридневна работна недела до крајот на 2023 година, според извештајот објавен од еден од организаторите на експериментот.

 Истражувањето покажало дека од овој проект голема корист имале и вработените и компаниите. Вработените рекле дека нивното физичко и психичко здравје е многу подобро, имаат подобар баланс меѓу приватниот и деловниот живот, а биле и многу позадоволни со својот живот.

 Покрај тоа, менаџерите и директорите  потврдиле дека четиридневната работна недела позитивно влијаела на нивните компании. Во половината од овие компании имало пад на бројот на оставки и преместувања, а полесно било да се најдат и нови луѓе за работа.

Скоро половина од 61 компанија што учествуваа во истражувањето во 2022 година се во маркетинг и рекламирање, услужни и непрофитни сектори. Остатокот опфаќа  индустрии како што се градежништво, производство, малопродажба, здравствена заштита и забава.

Извор: republika.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...