Видео: Повеќе од 20 загинати на Фестивалот на огнот во Иран

20. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Повеќе од 20 загинати на Фестивалот на огнот во Иран

Меѓу повредените, 18 лица се во тешка состојба, а најмногу инциденти се регистрирани во провинциите Техеран, Источен и Западен Азербејџан.

Фестивалот почна синоќа со палење на огнови, пиротехнички средства и рачно изработени експлозивни направи.

Фестивалот на огнот се одржува пред персиската Нова година (Новруз) што го означува доаѓањето на пролетта.

Манифестацијата на која има скокање преку оган, огномет и рачно изработени експлозиви, е популарен помеѓу децата и младите, но чести се и сериозни несреќи. Секоја година, прославите и подготовките резултираат со десетици смртни случаи и илјадници повредени ширум Иран. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата