ВИДЕО | Дончиќ погодуваше тројки, Далас израмни во серијата

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Eкипата на Далас славеше против Лос Анџелес Клиперс со 96:93 и така израмни на 1:1 во плеј-оф серијата. Повторно најдобар на теренот беше Лука Дончиќ.

Натпреварот Дончиќ го заврши со 32 поени, девет асистенции и шест скокови, вклучувајќи и пет тројки. Тројката на Дончиќ за 90:81 се покажа како клучна во завршницата каде што Клиперс успеа да се доближи, но немаше сила за пресврт.

Џејмс Харден и Пол Џорџ беа најдобри со по 22 поени, сепак тоа не беше доволно за Клиперс да го избегнат поразот. Серијата сега се сели на теренот на Далас каде што сигурно не очекуваат нови возбудувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот