Првични резултати на ДИК: Тројно водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, двојно водство на Силјановска-Давкова пред Пендаровски

Двојно водство на кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, пред тој на СДСМ евидентираат официјалните резултати на ДИК.

Од обработени 28,36% од вкупниот број на гласачки места Гордана Силјановска Давкова има освоено 128.185 гласови, а Пендаровски освоено 62.726 гласови.

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова освоила 46.037 гласови или 67,87% од гласовите.

Додека на парламентарните избори од досега обработените 23,14% гласови, Коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ освои 70.929, Коалицијата за Европска иднина - СДСМ освои 24.028, Коалицијата Европски фронт освоие 22,22%, а Коалицијата ВЛЕН 18,68%. Резилтатите од останатите партии можете да ги видите на сликата подоле: