НБА ги објави тројцата кандидати за МВП во сезоната
Пред почетокот на натпреварите во плеј-офот во кој доминираа домаќините, НБА ги објави и имињата на кошаркарите кои ќе се борат за признанието најкорисен кошаркар во сезоната (МВП).
Веќе беше јасно дека во најтесната конкуренција ќе биде името на Никола Јокиќ, а на српскиот кошаркар друштво му прават Лука Дончиќ од Далас и Шеј Гилџес-Александер од Оклахома.
Доколку Јокиќ успее да ја освои наградата ќе стане само деветтиот играч во историјата на НБА со три или повеќе вакви признание. Пред Јокиќ тоа им успеа на: Карим Абдул-Џабар, Мајкл Џордан, Бил Расел, Вилт Чембрлен, Леброн Џејмс, Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон.
Los finalistas al MVP de la #NBA 2023-2024.
🇸🇮DONCIC
🇨🇦SHAI
🇷🇸JOKIC pic.twitter.com/TaIhw7gf0i— www.tiempodebasket.com (@tiempoD3Basket) April 22, 2024