<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">По двете дебати
во претседателската кампања, кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска
Давкова ќе дебатира со празно столче откако канидидатот на СДСМ, Стево Пендаровски
не се појавил на истата. </span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Таа е зачудена
како Пендаровски не се појавил токму на најважаната дебата на МРТ.</span>
Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска
дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со
празно столче.<span style="mso-ansi-language:MK"> </span>Не разбирам зошто
мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги
соочиме нашите програми и ставови.
Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека
последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да
се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.<span style="mso-ansi-language:
MK"> </span>Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку
дијалог со сите, вели Силјановска Давкова.