ВИДЕО: Њукасл го совлада Ливерпул и првпат го освои Карабао Купот

Фудбалерите на Њукасл Јунајтед првпат во клупската историја го освоија Карабао Купот, откако славеа во финалето со Ливерпул на „Вембли“ со 1-2 (0-1). 

Натпреварот во Лондон во целост им припадна на победниците. Избраниците на Еди Хау одиграа доминантен натпревар во кој имаа повеќе желба, беа поконкретни и заслужено се радуваа на прв трофеј во натпреварувањето. 

Првиот дел беше израмнет и без премногу ризик од двете екипи. Резултатот беше отворен во 45. минута од средбата, а стрелец на првиот гол беше Ден Бурн. На стартот на продолжението Њукасл имаше и поништен гол поради офсајд.

  • Извештај од натпреварот:

Сепак, само минута подоцна Александер Исак уште еднаш ја затресе мрежата од голот на Келехер, овојпат регуларно за 0-2. Во судиското продолжение конечниот резултат го постави Федерико Киеза со својот прв гол за Ливерпул.

Состави

Арне Слот

4-3-3

    Еди Хоу

    4-3-3