Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Стрелец на единствениот гол во победата на Борусија од Дортмунд против Пари Сен-Жермен беше Никлас Филкруг, а овој германски напаѓач зад себе има навистина интересно фудбалско патување.

Иако веќе има 32 години, дури сега излезе на големата сцена и го игра најдобриот фудбал во кариерата. До 30-годишна возраст главно беше второлигашки играч, а потоа неговите одлични настапи во Вердер му донесоа повик во германската репрезентација, каде сега е прв напаѓач.

Никлас Филкруг ја искористи одличната асистенција од Нико Шлотербек и му донесе минимално водство на Борусија во полуфиналето од Лигата на шампионите синоќа против ПСЖ. По реваншот, тој гол може да биде најважниот сезонава за популарните „Милионери“ и сензационално да ги однесе во финалето на Лигата на шампионите, на што оваа сезона не се надеваа ниту најоптимистите меѓу навивачите на клубот.

Но, патот на Филкруг беше навистина тежок. Кариерата ја започна во Вердер од Бремен, а по одличната сезона во 2.Бундеслига го сврте вниманието на бројни европски екипи кон себе. Во Вердер остана уште една сезона, а потоа се пресели во Борусија каде исто така одлично му оди сезонава.

Remote video URL

Како второлигаш почна да добива повици во германската сениорска репрезентација каде на 15 натпревари постигна блескави 11 гола и со тоа го зацврсти своето место на претстојното Европско првенство.

Додека се бореше за пласман во повисок ранг, Филкруг се соочи со бројни тешкотии. Има една интересна приказна од еден тренинг на Вердер.

Имено, Филкруг завршил во болница по несреќа на тренинг, а причината е судир со соиграч при што забот на соиграчот му се заглавил во челото.

Случајниот директен судир бил толку сериозен што и двајцата морале да одат во болница, а лекарите морале да отстранат заб од челото на Филкруг.

URL

„Беше многу опасно за мене поради заканата од инфекција предизвикана од бактерии“, се сеќава Филкруг за инцидентот на официјалната веб-страница на Бундеслигата.

Интересен е и прекарот што го носи Филкруг. Имено, тој е познат како Lucke, што на германски значи „празнина“, а тоа го добил поради изгледот на предните заби.

Покрај за Вердер и Борусија, Филкруг има играно и за Гројтер Фирт, Нирнберг и Ханофер 96. Во Бундеслигата има одиграно 156 натпревари и постигнато 56 голови, а ја игра седмата сезона во кариерата.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе