Рано утринава во 03:55 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л.(50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Во текот на вчерашниот ден, пак, во 09:20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот Б.А.(82) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.